Достапни линкови

Басеску се враќа на претседателската функција


Трајан Басеску .

Трајан Басеску .

Трајан Басеску денеска се врати во претседателската палата , откако на неколку недели беше отстранет од должност. Сега тој ќе може да го продолжи мандатот освоен на претседателските избори во 2009 година.

Враќањето на Басеску н афункцијата доаѓа откако вчера пред Парламентот беше соопштена одлуката на Уставниот суд, со која резултатите од референдумот за отстранување од функцијата на претседателот Басеску беа прогласени за невалидни.

Централното изборно биро објави дека изборната активност на референдумот била нешто повеќе од 46 проценти, а околу 88 проценти од гласачите се изјасниле за отстранување на Басеску. Според законските одредби, резултатите од референдумот се валидни ако на него учествуваат минимум 50 проценти плус еден од вкупниот број луѓе со право на глас.
XS
SM
MD
LG