Достапни линкови

Иран нема да запре со збогатување на ураниум


Али Асгар Солтани.

Али Асгар Солтани.

Иран никогаш нема да запре со програмата за збогатување на ураниум, рече претставникот на Иран во Агенцијата за атомска енергија, Али Асгар Солтани. Тој рече дека Иран има намера да продолжи со збогатување на ураниум но под надзор на Меѓународното тело. Изјавата уследи откaко Техеран официјално го презеде водството на Движењето на неврзаните земји. Иран оваа недела е домаќин на Самитот на неврзaните. Советот за безбедност воведе четири рунди санкции против Иран поради одбивањето да запре со збогатување на ураниумот, процес што може да бидe насочен кон развој на нуклеарно оружје. Иран негира дека сака да произведе атомска бомба.
XS
SM
MD
LG