Достапни линкови

logo-print

Норвешка- Премиерот жали поради Брејвик, но нема да поднесе оставка


Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг кој е критикуван поради тоа што земјата неспремно се соочи со нападите од страна на Брејвик минатат година, денeска изрази жалење за пропустите на власта, но ја исклучи можноста да поднесе оставка. Денеска независната комисија формирана да испита како се соочиле властите, заклучи дека норвешките власти можеле да ги спречат нападите и да го уапсат Брејвик пред да отиде на островот Утоја. Во двата напади Брејвик уби 77 луѓе. Премиерот рече дека убиецот можел да биде порано уапсен, но дека тоа не се случило.
„Жалам поради тоа“, рече норвешкиот премиер.
XS
SM
MD
LG