Достапни линкови

Активни повеќе пожари во Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Се уште се активни пожарите во националниот парк „Јасен“, во местото Копиљача, село Руница, Липковско, во селото Лакавица и во Железна река, во Негорци, Гевгелиско, над Вратница во општина Јегуновце и кон националниот парк „Јасен“ во општина Кисела Вода, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Не се изгаснати и пожарите во село Царевич, Прилепско, пожарот на местото Крст меѓу селата Добровени и Совиќ во општина Новаци, како и пожарите во Прилеп кај село Царевиц на местото Мајнов Дом, во село Руница општина Липково и во село Лакавица и Железна Река, Гостиварско.

Целосно изгаснати се пожарите во општина Чашка на потегот од село Дреново и Бреза, кај село Горно Јаболчиште на местото Бегово Поле, како и во Горно Јаболчиште на местото Рамни ливади.

Пожарите во гостиварското, во општина Дебар, како и во велешките села Рудник кон Катланово и селото Војница, пожарите се локализирани, а делумно под контрола се ставени пожарите во село Цветово кон село Држилово, општина Кисела Вода.
XS
SM
MD
LG