Достапни линкови

Утре во Лондон почуваат Параолимписките игри


14 Летни Параолимписки игри ќе бидат отворени утре во Лондон, а ќе траат до 9 сепетмври. Се очекува ушество на околу 4 илјади и 200 спортисти од 165 држави кои ќе се натпреваруваат во 20 дисциплини. За прв пат по 2000 година на оваа Параолимпијада ќе се вратат и спортисти со интелектуални пречки кои ќе се натпреваруваат во атлетика, пливање и пинг понг. Нивниот настап беше суспендиран по скандалот на Игрите во Сиднеј кога на кошаркарската репрезентација на Шпанија и беше одземен златниот медал, бидејќи во тимот имало само двајца играчи со интелектуални пречки.
XS
SM
MD
LG