Достапни линкови

Колку ефикасно работи новиот транспортен систем во РЕК?


Транспортниот систем за јагленова руда од рудниците Брод-Гнеотино и Суводол до термоелектраната РEK Битола.

Транспортниот систем за јагленова руда од рудниците Брод-Гнеотино и Суводол до термоелектраната РEK Битола.

СДСМ обвинува дека јагленовиот систем, иако беше пуштен пред пет недели, досега одработил само шест часа.

Транспортниот јагленов систем меѓу рудниците Брод-Гнеотино и Суводол во РEK Битола кој неодамна во употреба го пушти премиерот Груевски, стана тема за политички препукувања. Битолските социјалдемократи обвинија дека јагленовиот систем, иако беше пуштен пред пет недели, досега одработил само шест часа.
Прво го преплатија, па наместо 8 милиони евра ги чинеше 17,5 милиони евра, потоа го задоцнија, бидејќи овој систем мораше да биде пуштен во работа најкасно до средината на 2011. И конечно свечено беше пуштен во употреба лично од премиерот Груевски пред пет недели, но до денес бил во работа само шест часа. Ако се продолжи со ваква експлоатација, прескапиот транспортен систем годишно би работел само три деноноќија. Навистина скандалозно. Еве вака изгледаат успешните проекти на Груевски, вистински потемкинови села.

„Прво го преплатија, па наместо 8 милиони евра ги чинеше 17,5 милиони евра, потоа го задоцнија, бидејќи овој систем мораше да биде пуштен во работа најкасно до средината на 2011. И конечно свечено беше пуштен во употреба лично од премиерот Груевски пред пет недели, но до денес бил во работа само шест часа. Ако се продолжи со ваква експлоатација, прескапиот транспортен систем годишно би работел само три деноноќија. Навистина скандалозно. Еве вака изгледаат успешните проекти на Груевски, вистински потемкинови села“, изјави Миле Јоновски од Комисијата за енергетика при СДСМ.
РЕК Битола.

РЕК Битола.


Генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски кој во Битола присуствуваше на Денот на рударите не даде одговор на обвинувањата.

„Не, денеска е свечен ден, толку беше, прослава е“, изјави кусо пред новинарите Чинговски.

Тој претходно во неговиот говор пред рударите зборуваше за важноста на системот и не посочи дека постојат какви било проблеми.

„Пред само неколку месеци го ставивме во функција новиот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од површинскиот коп Брод-Гнеотино до Суводол, долг 10 километри. Инвестиција вредна 18,6 милиони евра. Со завршувањето на овој инвестициски проект очекуваме транспортниот систем во иднина да ги пренесува ископаните количини јаглен не само од Брод-Гнеотино, туку и од новиот рудник Живојно до Суводол во континуиран режим“, рече Чинговски.

Директорот на рудници Сашо Јовчевски посочи дека за една година во рудниците при РЕК ископани се 19,8 милиони метри кубни јаловина.

„Производните резултати се помали од планираните. Но си земаме за обврска следната година да бидат поголеми со помош на раководството на ЕЛЕМ, со прием на нови работници кои ни требаат во процесот на производство и со навремена набавка на сите потрошни материјали“, изјави Јовчевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG