Достапни линкови

Пожарот над село Негорци се шири кон Гевгелија


Илустрација.

Илустрација.

Шумскиот пожар, кој што околу 15:00 часот избувна над гевгелиското село Негорци во близина на депонијата, за кратко време зафатил широка фронтална линија и површина и се движи кон Гевгелија.
Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, во гасење на пожарот, кој се шири кон градот, покрај од Гевгелија учествуваат противпожарни екипи од сите околни градови: Струмица, Дојран, Валандово и Богданци.
По барање на Градоначалникот на Општина Гевгелија упатени се двата авиона кои активно учествуваат во гасење на пожарот.
XS
SM
MD
LG