Достапни линкови

Турција бара ОН да се погрижат за бегалците од Сирија


Шефот на турската дипломатија Ахмкет Давутоглу изјави дека Обединетите нации треба поактивно да учествуваат во решавањето на прашањата поврзани со сириските бегалци.

„Хуманитарната драма во Сирија се повеќе се продлабочува во последните месеци. Во Турција се наоѓаат повеќе од 80 илјади сириски бегалци. Со зголемувањето на нивниот број се зголемуваат и потешкотиите, затоа меѓународната заедница, исто така, треба да земе учество во решавањето на проблемите“, изјави Давутоглу.

Тој истакна дека во моментот за сириските бегалци се грижат само Турција, Јордан, Либан и Ирак.

„Се надевам дека бројот на бегалци нема да се зголемува, но ние мораме да разгледаме кои мерки ќе ги преземеме. Ние ги повикуваме ОН да се вклули во решавањето на прашањето со сириските бегалци“, посочи турскиот министер за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG