Достапни линкови

СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ за нафтените деривати


СДСМ побара Владата итно да ја преполови акцизата за нафтените деривати до крајот на годината со што ќе ги поевтини бензините од 10 до 12 денари по литар.

„Поскапувањата продолжуваат, а цените на енергенсите веќе стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин, кој со страв го чека секој понеделник и седниците на Регулаторната комисија за енергетика, рече Марјанчо Николов од СДСМ укажувајќи на најновото поскапување на бензините за 2,5, а на дизел горивата за 1,5 денари.
Николов потсети дека лани, непосредно пред изборите, Владата ги намали акцизите за горивата

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на прес-конференциајта на Марјанчо Николов посочува оти обидот на СДСМ да ги обвини за поскапувањето на цената на нафтата е чиста манипулација и надвор од здравата логика, бидејќи цената на нафтените деривати е директно поврзана со цената на енергенсите на светскиот пазар, која, велат, драстично се зголемува.

Исто така, се наведува, манипулација е и дека одлуката за поскапување на цените на бензините е директно поврзана со Владата, а не со Регулаторната комисија, која како независно тело, посочуваат, ги регулира и следи светските цени на енергенсите.
XS
SM
MD
LG