Достапни линкови

logo-print

Нападнат автомобилот на јапонскиот амбасадор во Кина


Прокинески активисти

Прокинески активисти

Aвтомобилoт на јапонскиот амбасадор во Кина бил нападнат од страна на еден човек, кој го искинал знамето од автомобилот, но амбасадор не бил повреден во нападот, јaвувааат јапонските власти. Јапонската влада ќе поднесе силен протест до кинеското Министерство за надворешни работи во врска со инцидентот, соопштуваат јапонските медиуми.
Инцидентот следува по неодамнешните анти-јапонски демонстрации во Кина околу сопствеништвото на спорните, богати со ресурси острови во Кинеското Море. Тие острови ги контролираат јапонските власти, но Кина ги бара назад. Тензиите меѓу Јапонија и Кина се разгореа претходно овој месец откако пет прокинески активисти беа уапсени на островите. Тие подоцна беа ослободени. .
XS
SM
MD
LG