Достапни линкови

Извештајот на Тројката за Грција готов до крајот на септември или почетокот на октомври


Извештајот на тројката меѓународни кредитори на Атина, кој ќе одреди дали Европа ќе и додели на Грција следна транша од 31,5 милијарди евра финансиска поддршка, треба да биде готов до крајот на септември или почетокот на октомври, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија.
Експертите од Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и Европската централна банка ќе се вратат во Атина на почетокот на септември, истакна Сајмон О’Конор, портпарол на еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.
Според него може да се очекува мисијата да продолжи неколку недели и извештајот да биде готов до крајот на септември или почетокот на октомври, бидејќи се зависи од напредокот на терен.
Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер објави на 22 август дека одлуката за доделување на нова транша од финансиската помош за Атина ќе зависи од извештајот на Тројката и нема да се изврши пред октомври.
XS
SM
MD
LG