Достапни линкови

Иран може да дозволи посета на „нуклеарните “постројки


Парчин.

Парчин.

Иран навести дека може да им овозможи на дипломати кои се во посета на Техеран за Самитот на неврзаните да ги посетат воените пунктови за кои инспекторите на ОН мислат дека се користaт за нуклеарно- воени експерименти. Заменик министерот за надворешни работи Мохамад Мехди Ахонџадех вели дека посетата не е вообичаена за вакви средби, но сепак ќе биде дозволено дипломатите да го посетат комплексот Парчин, ако така речат иранските власти.

Иран е домаќин на Самитот на Движењето на неврзаните земји кој завршува в петок. Денешната понуда доаѓа на само три дена откако Меѓународната агенција за атомска енергија повторно побара пристап до Парчин.
XS
SM
MD
LG