Достапни линкови

Нова рација против Ромите во Франција


Француската полиција денеска исели уште 70 луѓе од камп за Роми во градор Евру, во близина на Париз. Полицијата влегла во импровизираната населба и почнала да ги демолира нивните живеалишта. Ова е последната од серијата рации против Ромите. Ваквите рации наидоа на осудување од страна на групите за човекови права. Министерот за внатрешни работи Мануел Валс го бранеше иселување, велејќи дека тоа се прави од безбедносни и хигиенски причини. Засега не е познато каде ќе одат раселените Роми. Околу 15 илјади етнички Роми во моментов живеат во слични кампови низ цела Франција. Кон нив локалното население се однесува непријателски. Состојбата со Ромите стана политички проблем за властите во Франција.
XS
SM
MD
LG