Достапни линкови

ЕК го следи развојот на политичките настани во Македонија


Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе

Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе

Европската комисија го следи развојот на политичките настани во Македонија и судирот меѓу коалициските партнери од власта што може да доведе до нови предвремени избори во земјата, велат од Канцеларијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, јавува МИА. Од Канцеларијата на Филе велат дека, се надеваат оти политичките лидери во Македонија ќе најдат решение за ситуацијата, посочувајќи ги последните смирени тонови од владините партнери како позитивен сигнал.
Следната недела во Брисел, Филе ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Oд кабинетот на еврокомесарот велат дека една од работите за која ќе дискутираат ќе биде и кризата во владината коалиција и можноста од нови предвремени избори во Македонија.
XS
SM
MD
LG