Достапни линкови

Илјадници сириски бегалци чекаат на границата со Турција


Околу 7.000 сириски бегалци пристигнале на границата со Турција, чекајќи властите од оваа земја да изградат уште кампови за сместување.
Во Турција моментално се наоѓаат повеќе од 80 илјада бегалци сместени во кампови долж границата, но нивниот број не е доволен да прими нови сириски бегалци.
Два нови кампа се изградени во провинциите Газиантеп и Хатај, со капацитет од 10 илјади луѓе. Бројот на бегалците од Сирија секојдневно се зголемува поради интензивирање на судирите во градот Алепо.
XS
SM
MD
LG