Достапни линкови

logo-print

Активни осум пожари во Македонија


Илустрација.

Илустрација.

На територијата на Македонија активни пожари има во скопско, битолско, кумановско, велешко, тетовско и гостиварско, соопштуваат од Центарот за управување со кризи, денеска.

Кај село Јаболце, во општина Сопиште пожарот се шири во два правца кон Суво Поле и Караџица. Пожарот во атарот на селото Добровени на некои места преминува и на територијата на Грција. Опожарени се околу 700 - 800 хектари, претежно сува трева и ниска деградирана шума.
Од вчера гори и кај селото Руница. Пожарот е проширен и кон месноста Стража.
Поради недостапниот терен, како што информира Центарот за управување со кризи, не може да се интервенира на пожарот кај „Бегово Поле“ меѓу Солунска Глава и Горно Јаболчиште.
Повторно е активиран и пожарот во атарот на селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, кој претходно беше локализиран.
Пожар има и над селото Вратница во општина Јегуновце. Активен пожар има и над село Врајновце, Гостиварско. Се уште гори и во атарот на селото Црешнево.

Пожарот, пак, кој вчера избувна кај селото Белица, изутринава е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Локализиран е пожарот и во атарот на селото Вражале во општина Зелениково.
XS
SM
MD
LG