Достапни линкови

Борби во Дамаск, соборен воен хеликоптер


Сиријски воен хеликоптер се урнал денеска во Дамаск, веројатно откако бил погоден од бунтовничките сили. Сиријската државна телевизија јави дека се урнал хеликоптер, но не објави детали. Сиријски опозициски активисти информираат дека имало престрелки меѓу владините сили, подржани од хеликоптери и бунтовниците во некои делови на Дамаск. Претходно, активисти соопштија дека владините сили извршиле масакр во местото Дараја, во близина на Дамаск, каде што биле убиени над 600 луѓе, а не над 300 како што беше првично јавено. Нема независна потврда на ваквите информации.
XS
SM
MD
LG