Достапни линкови

Тачи - Српските институции ќе бидат протерани од северот на Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Меѓународната заедница ќе изврши силен притисок врз Белград за да ги отстрани српските безбедносни структури од северот на Косово. Ова го вели косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за Радио Слободна Европа, додавајќи дека и властите во Приштина ќе дејствуваат во тој правец.

Пред претстојното завршување на меѓународното надгледување на независноста на Косово, премиерот Хашим Тачи во разговор со дописникот на Радио Слободна Европа од Приштина Зијадин Гаши вели дека се било подготвено за таквиот чин и оти косовските институции се способни да го прифатат предизвикот.

„Останаа помалку од две недели до завршувањето на надгледувањето на независноста на Косово, а тоа е извонреден успех на сите институции на Косово, на локално и на централно ниво. На десетти септември дефинтивно се ќе биде завршено. Ќе има голем број делегации кои ќе присуствуваат на оваа церемонија што за Косово претставува една нова историја.“
Останаа помалку од две недели до завршувањето на надгледувањето на независноста на Косово, а тоа е извонреден успех на сите институции на Косово, на локално и на централно ниво. На десетти септември дефинтивно се ќе биде завршено. Ќе има голем број делегации кои ќе присуствуваат на оваа церемонија што за Косово претставува една нова историја.

Косовскиот премиер Хашим Тачи смета дека затоа е неопходно и политичките партии на Косово да ги преземат нивните одговорности и да ги остават настрана сите лични и партиски интереси.

„Владата на Република Косово ќе ги преземе одговорностите што и припаѓаат врз основа на Уставот и законите. Она што е охрабрувачки за мене, а посебно за меѓународните партнери кои помогнаа за слободно и независно Косово и кои ја поддржуваат неговата европска перспектива е што сите се согласуваат дека е потребна нормализација на односите меѓу Косово и Србија.“

Тоа, според Тачи, подразбира добрососедски односи, реципрочно признавање, компензација на Србија за воените последици на Косово, како и извинување за геноцидот што Србија го извршила на Косово. Што се однесува до проблемот на северот на Косово премиерот Тачи вели:

„Косово никогаш во историјата немало поефикасна влада. Проблемот на северот на Митровица е создаден пред 13 години. Тој проблем е пренесуван на секоја влада. За прв пат на 25 јули минатата година дејствувавме и на тој начин еднаш засекогаш го изгасивме сонот на Србија за поделба на Косово. Таму сме присутни, сега на симболичен начин, со полицајци и цариници. Сега мораме да работиме на создавање демократски простор за ширење на нашите институции на целата територија.“

Според Хашим Тачи, што поскорото решение на прашањето за северот на Косово ќе придонесе за побрза номализација на односите со Србија.

„Меѓународната заедница ќе изврши силен притисок врз Белград за да ги отстрани нелегитимните структури, но и владата на Косово ќе дејствува со сета своја уставна и законска сила со цел овие структури да се соочат со правдата или да бидат протерани од Косово, а тоа и ќе се случи“, вели косовскиот премиер Хашим Тачи во интервјуто за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG