Достапни линкови

logo-print

Нов пожар активен во Македонија


Нов пожар избувна кај селата Елевци и Аме, Дебарско, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се 15 лица од противпожарната единица, шумското стопанство и локалната самоуправа. Се уште се активни пожарите во село Добровени, општина Новаци, над селото Вратница, Општина Јегуновце, во село Белица кај Македонски Брод и во Горно Јаболчиште, Општина Чашка. Според Дирекцијата, засега нема опасност од ширење на пожарот во местото Копиљача, село Гошинце, Липковско, што зафати мешовита шума на околу два хектара.
XS
SM
MD
LG