Достапни линкови

Осудени 76 Египѓани за насилни протести


Судот во Каиро осуди вчера 76 Египѓани поради учество во минатогодишните протести пред израелската амбасада во Египет. Само еден од осудените ќе одлежи 5години казна затвор додека останатите добија условна казна од една година. Минатата година во септември, илјади демонстранти о урнаа заштитниот ѕид околу зградата на изралеската амбасада во Каиро, при тоа запалија канцелариите , причинувајќи голема материјална штета. На упадот му претходеше убиството на 6 египетски војници кои ги извршиле израелски војници при гонење на палестински екстремисти покрај границата. Тоа беше една од најголемите кризи во односите меѓу Егиепет и Израел од мировниот договор потпишан во 1979 година.
XS
SM
MD
LG