Достапни линкови

Јужноафриканецот Сероте го доби златниот венец на Струшките вечери на поезијата


Културна манифестација- Струшки вечери на поезијата, Струга.

Културна манифестација- Струшки вечери на поезијата, Струга.

Годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужноафриканецот Монгани Вали Сероте, вечерва го доби златниот лавров венец. Сероте е 47-тиот добитник на наградата. Филигранскиот венец првпат е доделен во 1966 на рускиот поет Роберт Рождественски за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, Златниот венец се доделува за творештво. На 51. издание на Струшките вечери на поезијата што почна во четвртокот, а завршува на 28-ми овој месец, учествуваат 60-тина домашни и исто толку странски поети од Азербејџан, Шпанија, Франција, Индија, Куба, Ирак, Сирија, Мароко.
XS
SM
MD
LG