Достапни линкови

Светот му оддава почит на Нил Армстронг


Нил Армстронг.

Нил Армстронг.

Американскиот претседател Барак Обама му оддаде почит на астронаутот Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, кој почина вчера на возраст од 82 години. Обама на Твитер напиша: „Нил Армстронг беше херој не само на своето време, туку на сите времиња.“

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по повод смртта на Нил Армстронг, денеска рече дека тој бил „извор на инспирација за целото човештво.“

Францускиот премиер Жан-Марк Оролт рече дека со „малиот чекор “ на Армстронг се „реализира сонот на генерации пронаоѓачи, научници, уметници, поети за убавините на вселената“.

Армстронг доби многу почести додека беше жив, но никогаш не му беше удобно да биде славен. Во едно од ретките интервјуа во 2005 година, Армстронг изјави дека не го заслужува внимание кое го добил како прв човек на Месечината, затоа што бил само неколку чекори понапред од дригот астронаут Едвин „Баз“ Олдрин.
XS
SM
MD
LG