Достапни линкови

logo-print

Меркел- секој ден е важен за решавање на грчката криза


Германската канцеларка Ангела Меркел i грчкиот премиер Андонис Самарас.

Германската канцеларка Ангела Меркел i грчкиот премиер Андонис Самарас.

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека од денеска секој ден е важен во настојувањето на Грција да ги зајакне напорите и да постапи по обврските за решавање на економската криза. Таа во интервју за германските медиуми вели дека му пренела на грчкиот премиер Андонис Самарас дека уште многу треба да се направи. Во врска со шпекулациите дека Грција би можела да излезе од еврозоната, Меркел вели дека Европа се наоѓа во „одлучувачка фаза“ и затоа „секој треба да внимава што зборува“.
XS
SM
MD
LG