Достапни линкови

Асад- Сирија ќе продолжи со борбата против странските заговори


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад денeска изјави дека Сирија по секоја цена ќе ги победи странските заговори насочена против неговата земја.

„Сирискиот народ нема да дозволи заговорите да успеат и да ги постигнат своите цели“, рече Асад по состанокот со шефот на националната безбедност на Иран.

Она што се случува не е насочено само кон Сирија, туку против целиот регион, рече сирискиот претседател. Тој вели дека Сирија е најважната земја во тој регион и затоа странските сили се насочени кон Сирија за да може нивните заговори да успеат во целиот регион. Асад вели дека Сирија ќе продолжи со својата стратегија на отпор. Режимот на Асад ги обвинува бунтовниците дека се странски платеници и терористи. Сирискиот претседател ги одбива сите апели на меѓународната заедница да стави крај на судирите во својата земја. Според податоците на активистите за човекови права од почетокот на конфликтот пред 17 месеци, досега загинале околу 25 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG