Достапни линкови

Во Саудиска Арабија откриени терористички ќелии


Властите во Саудиска Арабија денеска соопштија дека откриле терористички ќелии и дека уапсиле осум луѓе. Од Министерството за внатрешни работи велат дека од уапсените шест се Јеменци, а двајца државјани на Саудиска Арабија. Тие се уапсени во врска со заговори за напади на полицијата и цивили во главниот град Ријад. Полицијата пронашла и хемикалии кои се користат за изработка на експлозиви, како и активирачи на екплозив од далечина. Освен терористичката ќелија во Ријад, откриена е уште една во Џеда, вториот по големина град во Саудиска Арабија.
XS
SM
MD
LG