Достапни линкови

logo-print

Насилства во Багдад, најмалку 5 жртви


Најмалку пет луѓе загинале во два одвоени напади во Багдад, соопштија ирачките официјални лица. Полицијата соопшти дека во првиот напад, вооружени лица во возило во движење отвориле оган врз полициска патрола во североисточниот дел од главниот град во претежно шиитско соседство. Двајца полицајци загинале, а еден е повреден во тој напад. Неколку часа подоцна, вооружени лица убиле тројца чувари на забавен парк во источен Багдад. Здравствените власти го потврдија бројот на жртвите.
XS
SM
MD
LG