Достапни линкови

Две членки на „Pussy Riot“ ја напуштиле земјата


Две членки на руската панк група „Pussy Riot“ ја напуштиле земјата, објавено е на твитер профилот на групата. Двете девојки ќе регрутираат странски феминистки да се подготват за нови протестни акции, се додава во постот. Неколку часа подоцна нов запис се појави на Твитер, на кој пишува дека двете жени ја напуштиле земјата бидејќи се во опасност, но најмалку 12 членки на „Pussy Riot“ остануваат во Русија. Полицијата соопшти дека е во потрага по другите членови на бендот. Три членки на групата добија по две години затворска казна под обвинение за „хулиганство мотивирано од верска омраза“, откако протестираа против претседателот Владимир Путин во руска црква во Москва.
XS
SM
MD
LG