Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара Владата да преземе мерки за ублажување на поскапувањата


Економско-социјалниот совет на СДСМ на денешната седница констатира дека со последните покачувања на цените на струјата, бензините и парното, како и поскапувањата на лебот, маслото и воопшто храната, предизвикана од растот на енергенсите, состојбата станува аларманта и мора итно да се реагира.
Претседателот на Економско-социјалниот совет на СДСМ Ванчо Узунов.
рече дека како прва мерка од Владата бараат разрешување на претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и на нивно место Владата да предложи непартиски, вистински експерти кои ќе ја сопрат инвазијата од поскапувања на енергенсите.

СДСМ бара од Владата итно да преземе серија мерки за ублажување на поскапувањата. Смета дека тоа може да се постигне со преполовување на акцизата за горива и откажување од дел од буџетските приливи, да даде насоки на државните ЕЛЕМ и МЕПСО, веднаш да се откажат од сите рекламни кампањи, фасади, странични трошоци и воопшто од сите непродуктивни трошоци. Владата веднаш да ги сопре сите свои реклами, кампањи и останатите непродуктивни трошоци како споменици, фасади, врби и слично и парите да ги пренасочат во санирање на последиците од економската криза, преку проекти како на пример, оној што одамна и го предложивме, воведување ваучери од 2.000 денари за социјално најзагрозените категории граѓани за купување на производи од македонско потекло..

СДСМ предлага и целосно укинување на ДДВ за храна ,што според оваа партија нема многу да го оштети буџетот, а видно ќе ја зголеми куповната моќ на луѓето.
XS
SM
MD
LG