Достапни линкови

Светот мора да биде подготвен, ако преговорите со Иран пропаднат


Американскиот сенатор Џозеф Либерман за време на интервјуто за Радио Фарда.

Американскиот сенатор Џозеф Либерман за време на интервјуто за Радио Фарда.

Американскиот сенатор Џозеф Либерман при посетата на седиштето на Радио Слободна Европа во Прага рече дека ако Иран не одговори со тоа што ќе се откаже од својата нуклеарна програма, изгледите за воена акција се високи.

Американскиот сенатор Џозеф Либерман при посетата на седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, за програмата на ирански јазик изјави дека постојат „јасни“ докази дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје и дека ако Техеран ја постигне таа цел, тоа ќе биде закана за светот.
Сметаме, не само САД, туку и ОН дека постојат јасни докази дека иранскиот режим гради капацитет за производство на нуклеарно оружје и дека ако тоа се случи, ќе биде закана за целиот регион и целиот свет.

„Сметаме, не само САД, туку и ОН дека постојат јасни докази дека иранскиот режим гради капацитет за производство на нуклеарно оружје и дека ако тоа се случи, ќе биде закана за целиот регион и целиот свет“, рече Либерман.

Тој вели дека постои огромен страв од Иран поради нуклеарно оружје, не само во САД и Израел, туку и во арапскиот свет и во Европа. Либерман се надева дека санкциите ќе и наштетат на иранската економија и дека тоа може да создаде еден вид на притисок на режимот во Техеран, да запрат со програмата за развој на нуклеарно оружје. Но сепак додава дека санкциите не резултирале така како што тие сакаат.
Ако се случи воена акција на Иран од надвор, тоа е само затоа што владата во Техеран не даде друг избор и се надевам дека до тоа нема да дојде.

Тој вели дека мора да бидат подготвени на се, ако не успеат економските санкции и дипломатијата. Додава дека САД имаат способност да ја елиминираат иранската програма за нуклеарно оружје, но се надевааат и молат да има промена на режимот, односно да дојде влада која ќе биде повеќе демократска и пријателска.

„Ако се случи воена акција на Иран од надвор, тоа е само затоа што владата во Техеран не даде друг избор и се надевам дека до тоа нема да дојде“, рече Либерман.

Разузнавачките агенции, аналитичарите сугерираат дека со напад врз Иран нема целосно да се елиминира можноста Исламската Република да произведе нуклеарно оружје, бидејќи нуклеарните објекти на Иран се наоѓаат длабоко под земјата или во внатрешноста на планините.

Запрашан за тоа, Либерман одговори дека тоа барем ќе ги одложи нуклеарните амбиции на Техеран и ќе „купи“ време до изборот на нова иранска власт која можеби ќе сака да преговара.

На крајот, Либерман рече дека на раководството на Иран му останува да направи правилен избор и да се вклучи во преговори со меѓународната заедница.

„Припадниците на двете политички страни во САД како и американскиот народ, сакаат мир со Иран“, изјави Либерман.

„Но, ако Иран не одговори со тоа што ќе се откаже од својата нуклеарна програма, изгледите за воена акција се високи“, рече Либерман за Радио Фарда.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG