Достапни линкови

Активни повеќе пожари на територијата на Македонија


Илустрација.

Илустрација.

На територијата на Македонија активни се повеќе пожари соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување. Активен е пожарот во оштина Зелениково каде во повисоките делови на шумата во атарот на селото Вражале гори букова шума. Пожар има и во општина Липково каде гори околу 2 хектари шума. Активни пожари има и во општина Новаци, во оштина Јегуновце, во Македонски Брод кај село Црешнево од страната кај село Белица со пожар е зафатена деградирана шума Пожарот во атарот на село Кадрифаково, Светиниколско во текот на вчерашниот ден е локализиран со помош на авионите за гасење пожари и мобилизираните лица од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во Општина Чашка, село Горно Јаболчиште од страна на Солунска Глава утрово се појавил нов шумски пожар. Пожарот е со силен интензитет и гори дабова и букова шума. Теренот е непристапен.
Во Општина Дебар помеѓу селата Селце и Буринец се појави пожар во текот на претходната ноќ, но пожарот веднаш е ставен под контрола и во овој момент нема опасност од ширење, соопштуваат од дирекцијата за за заштита и спасување.
XS
SM
MD
LG