Достапни линкови

Либерман- постојат „јасни“ докази дека Иран развива нуклеарно оружје


Американскиот сенатор Џозеф Либерман.

Американскиот сенатор Џозеф Либерман.

Американскиот сенатор Џозеф Либерман при посетата на седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, за програмата на ирански јазик изјави дека постојат „јасни“ докази дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје и дека ако Техеран ја постигне таа цел, тоа ќе биде закана за светот.

„ Сметаме, не само САД, туки и ОН дека постојат јасни докази дека иранскиот режим гради капацитет за производство на нуклеарно оружје и дека ако тоа се случи, ќе биде закана за целиот регион и целиот свет“, рече Либерман.

Тој вели дека постои огромен страв од Иран поради нуклеарно оружје, не само во САД и Израел, туку и во арапскиот свет и во Европа. Либерман се надева дека санкциите ќе и наштетат на иранската економија и дека тоа може да создаде еден вид на притисок на режимот во Техеран, да запрат со програмата за развој на нуклеарно оружје. Но сепак додава дека санкциите не резултирале така како што тие сакаат.

Тој вели дека мора да бидат подготвени на се, ако не успеат економските санкции и дипломатијата. Додава дека САД имаат способност да ја елиминираат иранската програма за нуклеарно оружје, но се надевааат и молат да има промена на режимот, односно да дојде влада која ќе биде повеќе демократска и пријателска.

„Ако постои воена акција на Иран од надвор, тоа е само затоа што владата во Техеран не даде друг избор и се надевам дека до тоа нема да дојде“, рече Либерман.
XS
SM
MD
LG