Достапни линкови

logo-print

Ѓорѓиев - Владата функционира во полн состав и со полн капацитет


Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Владата функционира во полн состав, со полн капацитет во добра кондијција и функциите на системот независно дали се економски, политички или општествени се извршуваат редовно и граѓаните треба да бидат спокојни, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев одговрајќи на новинарски прашања.
Во врска со средбата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со лидерот на ДУИ Али Ахмети, портпаролот рече дека Владата официјално не коментира и не информира околу средбите на претседателот на Владата со кој било од лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат владината коалиција, а во поглед на вчерашната средба потврди дека информациите пласирани во јавноста ја отсликуваат рамката во која се движеле разговорите помеѓу Груевски и Ахмети.
XS
SM
MD
LG