Достапни линкови

Јордан бара помош за бегалците од Сирија


Јордан ја повика меѓународната заедница да ја зголеми хуманитарната помош за сириските бегалци кои најдоа засолниште во таа земја. Во Јордан имам околу 160 илјади бегалци од Сирија. Јорданските власти велат дека секојдневно им доаѓаат по околу 2.000 бегалци. Во петокот во еден ден дошле 2.300 бегалци од Сирија што е најголема бројка на бегалци во еден ден откако започнаа немирите во таа земја. Јорданските власти велат дека бројот на бегалците расте, а нивните сретства се намалуваат, па затоа бараат меѓународната заедница да им помогне на луѓето кои избегале од Сирија.

Агенцијата за беглаци на ОН соопшти дека се уште не успеале да соберат ни половина од 190 милиони долари кои се потребни за помош на Јордан и останатите земји кои примаат бегалци од Сирија.
XS
SM
MD
LG