Достапни линкови

Иран повика Неврзаните земји да работат на зајакнување на мирот


Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи на отварањето на Самитот на неврзaните во Техеран.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи на отварањето на Самитот на неврзaните во Техеран.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи на отварањето на Самитот на неврзaните во Техеран, ги повика делегати да се спротивстават на „едностраните економски санкции“ против неврзаните земји. Домаќинот повика да се промовира дијалогот меѓу цивилизациите и да се внимава на оние кои практикуваат „егоистична политика на мешање.“
Салехи повика Неврзaните да работат на зајакнување на мирот и на елиминирање на дискриминацијата. Тој предупреди и на се поголемата моќ на Советот за безбедност на ОН, велејќи дека на Советот му се потребни реформи. Се очекува Иран да предложи мировен план за Сирија.
XS
SM
MD
LG