Достапни линкови

Стотици тела најдени во близина на Дамаск


Стотици тела се најдени овој викнед во близина на Дамаск во местото Дараја каде сириската војска спроведе голема акција против бунтовниците, јавува сириската опсерваторија за човекови права.
Од оваа огранизација велат дека најмалку 320 тела се најдени во Дараја, најголем дел од жртвите биле убени пред 5 дена кога започна операцијата против бунтовниците.

Во вчерашните борби ширум Сирија загинале најмалку 180 луѓе, наведуваат од сириската опсерваотрија. Но билансот на жртви не може независно да биде потврден.

Освен во Дамаск, жестоки борби има и во Алепо. Од почетокот на август во Сирија загинале повеќе од 4.000 луѓе, што го прави најкрвав месец од почетокот на конфликтот пред 17 месеци.
XS
SM
MD
LG