Достапни линкови

Јужна Осетија и Абхазија одблежуваат четири години независност


Отцепените од Грузија, региони Јужна Осетија и Абхазија денеска одблежуваат четири години од прогласувањето на независноста. Во Јужна Осетија денеска се одбележува денот и се наградуваат граѓаните кои направиле придонес во воспоставување и зајакнување на суверенитетот на земјата.
Министерот за надворешни работи на Абхазија, Вјачеслав Чирикба предупреди дека конфликтот со Грузија се уште не се завршен. Таа тврди дека двете републики се дел од нејзината територија. На денешен датум Руската Федерација ги призна Абхазија и Јужна Осетија, како независни. Само неколку земји го следеа чекорот на Москва во признавањето на двете републики како независни држави.
XS
SM
MD
LG