Достапни линкови

logo-print

Брод со илегални имигранти се преврте во близина на Кипар


Мал брод, за кој се претпоставува дека превезувал имигранти потона во близина на брегот на Северен Кипар, јави кипарско- турското радио.
Бројот на патници на бродот е непознат. Двајца турски локални рибари за кои постои сомневање дека се занимавале со шверц на имигранти се уапсени.
Спасувачките екипи открија тела на шест лица. Две од телата се на деца, а други две се на жени. Кај еден од труповите е пронајден сириски пасош.
Се претпоставува дека бродот испловил од сириско пристаниште. Започната е истрага за утврдување на причините за несреќата.
XS
SM
MD
LG