Достапни линкови

Австрискиот канцелар Фајман е за продолжување на рокот на Грција


Австрискиот канцелар Вернер Фајман се заложи за продолжување на рокот на Грција за отплата на кредитите, доколку Атина се придржува до договорените реформи со ЕУ.

„Гледам добри шанси Грција да се придржува до договорот со ЕУ, а за возврат треба да добијат повеќе време за отплата на долгот“, изјавил Фајман во интервју за виенскиот весник „Естерајх“.

Според него најважно е Атина да се придржува до договорените со ЕУ реформи и поставените цели за штедење. Ако е тоа гарантирано, тогаш поддржувам продолжување на рокот. Тоа продолжување може да биде на две до три години, но за тоа треба да одлучат експертите, истакна Фајман.

Австрискиот канцелар нагласи дека кризата и невработеноста во Грција се големи и дека Грците без продолжување на роковите нема да успеат да ги исплатат кредитите.
Австрискиот канцелар со иницијативата за продолжување на рокот на Грција за отплата на кредитите излезе во јавноста, откако грчкиот премиер Андонис Самарас во Берлин и Париз доживеа неуспех барајќи повеќе време за примена на реформите.
XS
SM
MD
LG