Достапни линкови

Струшки вечери на поезијата, колку да помине редот


Ништо не е како порано, па ниту Струшките вечери на поезијата, велат стружани кои со задоволство зборуваат за најубавите години на фестивалот. Сега велат се’ се прави само колку да помине редот.

Ниту Струшките вечери на поезијата не се повеќе тоа што беа. Некогаш Струга живееше за фестивалот, а сега се’ се прави само помине редот, вели Душко Ѓоргон фотограф од Струга, присутен на фестивалот без исклучок од самиот негов почеток. Вели дека најубавите времиња на фестивалот биле 70 и 80-те години на минатиот век кога фестивалот бил многу поорганизиран,а сите граѓани на Струга на еден или друг начин давале свој придонес во неговата организација.
Сите даваа свој придоненес. Кој маса, кој столови носеше. Сите трчавме, сите ја подржувавме оваа манифестација. Денес не знаевме дека се Струшки вечери. Нема ниту плаката, ниту ништо.

Душко Ѓоргон, фотограф од Струга.

Душко Ѓоргон, фотограф од Струга.

„Сите даваа свој придоненес. Кој маса, кој столови носеше. Сите трчавме, сите ја подржувавме оваа манифестација. Јас ги пречекував поетите на аеродром. Имав автомобил Рено 4 и во него возев и по четири, пет убави девојки кои со цвеќе ги пречекуваа поетите. Струга беше жар, убавина, насмеана. Секој стружанец добиваше покана за фестивалот дома. До ситница се мислеше на фестивалот. И како да не оди тој стружанец на фестивалот? Денес не знаевме дека се Струшки вечери. Нема ниту плаката, ниту ништо“, вели Ѓоргон.
Се внесува една свежина преку нови млади луѓе. Во еден период имавме една стагнација во смисла на доаѓање постојано на едни луѓе кои значеа многу за фестивалот со својот опус и фестивалот добиваше една закостенета форма. Сега имаме свежина во нови имиња.

Ѓоргон кој во изминативе 50 години со својот фото објектив направи повеќе од 50.000 фотографии жали за убавите денови на фестивалот.
„Последниве години како сака некој да ги ништи. Не е организирано, даден е на милост и немолост и колку заради ред да помини фестивалот. Нема сериозност и има многу пропусти“, додава Ѓоргон.

Поетот Веле Смилевски сепак смета дека годинава фестивалот добил свежина кој очекува да биде присутна и наредните години.

„Се внесува една свежина преку нови млади луѓе. Во еден период имавме една стагнација во смисла на доаѓање постојано на едни луѓе кои значеа многу за фестивалот со својот опус и фестивалот добиваше една закостенета форма. Сега имаме свежина во нови имиња која јас ја нарекував интернет генерација кој има поширок радиус на соработка со автори од целиот свет“, вели Смилевски.

Стружани велат дека ништо не е како порано.

„Порано беше многу посвечено.Имаше многу луѓе, на кејот не можеше место да се најде“, вели еден граѓанин на Струга.

Стружани се надеваат дека брендот на Струга, како што го нарекуваат фестивалот, повторно ќе го врати стариот сјај и оти за фестивалот ќе се живее цела година.
XS
SM
MD
LG