Достапни линкови

logo-print

Неделен печат- Македонија влегува од една во друга криза


Фрлена ракавица за предвремени избори, национализам за билдање рејтинзи, шминкање на лошите економски индикатори. Лошо е, а никој не кажува како понатаму, пишуваат неделниците во своите последни броеви.

Слупчане како снимање филм - клапа трета... или четврта... или којзнае која по ред. „Македонија влегува во една друга криза и тоа најчесто заради национализмот вткаен во двата круцијални фактора на власта - ДПМНЕ и ДУИ и неможноста тие да создадат демократски концепт за своето заедништво, кое опстојува со хендикепот на лицемерството и недовербата“, ја објаснува „Нервозата на Гоцевиот балкон“ на власта авторот на текстот со ова заглавие во најновиот Глобус.
Груевски избега од прославата на Рамковниот, одбегна да се поздрави со својот министер за одбрана, принудувајќи ги своите сопартијци, првиот парламентараец и шефот на државата да ја имаат „честа“ да бидат „контаминирани“ со чинот на ракување со министерот за одбрана! Груевски, значи, одбра да биде „лут“ и да не игра во јавноста со Бесими, па и со ДУИ, обидувајќи се да носи две лубеници под мишка: ем да ја спасува коалицијата (која секогаш не може да опстојува само како тендерско гранапче), ем да биде „лут како рис“.

Глобус - Груевски се обидува да носи две лубеници под мишка

Па потоа ја опишува реакцијата на врвните луѓе од власта на офицерското поклонување на телата на убиените слупчанци. Како да реагира и кој тоа да го стори? Да го признае чинот на помирување, како што го нарече министерот Бесими или да се откаже од него, патем казнувајќи дузина учесници во поклонувањето во Слупчане? Факт е дека членството на партите на власт, секое за себе, не може да поднесе во одредени ситуации на потсетување на 2001 година, во таа кореографија „да биде одоздола“. Глобус потсетува дека премиерот Груевски избега од прославата на Рамковниот, одбегна да се поздрави со својот министер за одбрана, принудувајќи ги своите сопартијци, првиот парламентараец и шефот на државата да ја имаат „честа“ да бидат „контаминирани“ со чинот на ракување со министерот за одбрана! Груевски, значи, одбра да биде „лут“ и да не игра во јавноста со Бесими, па и со ДУИ, обидувајќи се да носи две лубеници под мишка: ем да ја спасува коалицијата (која секогаш не може да опстојува само како тендерско гранапче), ем да биде „лут како рис“. Дали може толку едноставно брзо да дојде до сенката на брзиот заборав и да го зачува рејтингот кој и онака му е во опаѓање? - прашува Глобус.
Премиерот Груевски секој ден се поклонува, читај се поздравува со (преживеаните) поранешни припадници на ОНА кои се членови на неговиот Кабинет. Со нив го крои буџетот, ги креира ресорските политики, ги договара политичките потези.

Граѓански - Кој ќе им се поклони на живите?

„Крајно време е да запре јаловата дебата за тоа кој им се поклонил на мртвите, бидејќи веќе станува потешко да се преживее во ваков мир, отколку во воен конфликт. Денес најважното прашање е кој ќе им се поклони на живите“. порачува авторката на текстот со истоимениот прашален наслов: „Кој ќе им се поклони на живите?“, во Граѓански. Па додава: „Премиерот Груевски секој ден се поклонува, читај се поздравува со (преживеаните) поранешни припадници на ОНА кои се членови на неговиот Кабинет. Со нив го крои буџетот, ги креира ресорските политики, ги договара политичките потези, потсетува, покрај другото Граѓански.

Фокус- Пастирот стави нов мелем на патриотските рани

Фокус во насловот забележува: „Ахмети доби понуда што тешко може да се одбие!„ за да продолжи дека Груевски ја искара ДУИ и повторно покажа кој е газда во куќата. Ако не ви чинам, подготвен сум и за нови избори, порача храбриот Пастир и стави нов мелем на патриотските рани, што верното стадо ги задоби по „приватната екскурзија“ на Бесими во Слупчане. Фокус прашува што може сега да стори Ахмети? Како може да ја одбие понудата, а да не биде жигосан како слабак кај Албанците? Тешко. Во крајна линија, зошто воопшто и би ја одбил последната шанса за враќање на рејтингот кој допрва ќе го губи?! - предвидува Фокус.

Капитал- Лошо е. Никој не кажува како до подобро

„Лошо е. Никој не кажува како до подобро“, пишува во уводникот неделникот Капитал, осврнувајќи се на економските состојби. Колку и да се трудиме да ги шминкаме и разубавуваме економските индикатори, колку и да се трудиме да замижуваме пред реалноста во која живеат граѓаните и компаниите, вели авторката на коментарот, се' поблиску е денот кога ќе мораме да се соочиме со проблемите. Дали некој конечно ќе собере храброст јавно да каже што треба да се направи за да продлжиме понатаму и подобро, прашува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG