Достапни линкови

И утре екстремно топло


Македонија и во текот на утрешниот ден ќе биде зафатена со топлотен бран од портокалова фаза. Утринските температури ќе се движат од 12 до 23, а максималните дневни ќе бидат во интервал меѓу 31 и 42 степена.
УВ индексот на зрачење ќе биде 10.
Метеоролозите најавуваат заладување од понеделник за десетина степени.
Министерството за труд и социјална политика препорачува утре да се избегнува работа на отворено во најтоплиот период од денот, меѓу 11 и 17 часот, да се обезбеди адекватна вентилација, по можност климатизација во работниот простор и засолништа каде што вработените ќе можат да се разладуваат, да се воведат почести паузи и работа во две смени.
XS
SM
MD
LG