Достапни линкови

logo-print

Средбата Груевски - Ахмети без договор


Без разрешница завршила синиќешната средба меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи денеска изјави дека основни теми на разговорите биле настанот во Слупчане и законот за бранители. И по средбата, ставот на ДУИ е непроменет, или да се изедначат првата на оштетените и паднатите борци од двете страни или пак законот да се повлече, „доколку тоа не се случи, овој предлог закон ќе ја стави во прашање самата коалиција“ вели Османи. Тој додава дека на средбата не се разговарало за можни датуми за предвремени избори, ниту за можно формирање на ново мнозинство во парламентот.
XS
SM
MD
LG