Достапни линкови

logo-print

Кинези депортирани од Ангола поради криминал


Илустрација

Илустрација

Најмалку 37 Кинези се депортирани од југозападната африканска држава Ангола.Тие се обвинети за кривични дела како киднапирање, грабеж, изнуда и принудување на проституција, соопштија кинеските власт.
Кинеското министерство за јавна безбедност соопшти денеска дека Пекинг во соработка со полицијата од Ангола, спасиле 14 жртви на киднапирање, уапсени се луѓе од 12 кинески банди, и решени 48 криминални случаи поврзани со депортираните луѓе. Кина е загрижена заради кривичните дела на нејзините граѓани на африканскиот континент, особено откако стана главен трговски партнер на Африка и главен извор на инвестиции во инфраструктурата.
XS
SM
MD
LG