Достапни линкови

logo-print

Мирен протест во Атина


Околу 3.000 луѓе излегоа синоќа на мирен протест во Атина организиран поради порастот на бројот на расистички напади во Грција и случаи на бруталност на полицијата спрема имигрантите. Демонстрантите протестираа пред зградата на парламентот барајќи поголеми права за имигрантите.
Зголемувањето на приливот на имигранти во Грција во изминатиот период беше проследено со зголемена стапка на криминал и јакнење на екстремно десничарската група Златна зора која на изборите во јуни доби 18 места во 300-члениот парламент. Приврзаниците на таа група повеќепати се обвинувани за насилства спрема имигрантите.
XS
SM
MD
LG