Достапни линкови

Самарас на разговори од Берлин во Париз


Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска ќе се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд со кој ќе разговараат за меѓународната помош за Грција. Претходно во Берлин Самарас се сретна со германската канацеларка Ангела Меркел. По средбата Меркел изјави дека на Грција и е потребна европската поддршка и дека сакаат таа да остане во еврозоната и да си ги исполни обврските. Меркел додаде дека во изминатиов период е загубена довербата и дека нема да донесува никакви заклучоци пред да биде готов извештајот на „тројката“. Самарас изјави дека дека Грција ќе покаже резултати, ќе се ослободи од дефицитот и ќе ги исполни преземените обврски.
XS
SM
MD
LG