Достапни линкови

Прекинати преговорите во Виена за иранската нуклеарна програма


Разговорите меѓу претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија и на Иран во врска со нуклеарната програма на Техеран, денеска во Виена завршиле без никаков договор. Претставник на Обединетите Нации соопшти дека се воделе интензивни преговори, но оти разликите останале и не е предвидено продолжување на преговорите. Западот смета дека Иран развива нуклеарно оружје и бара од Техеран да ги замрзне нуклеарните активности. Иран тврди дека нуклеарната програма му е за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG