Достапни линкови

Во Македонија и утре пеколни горештини


Пет региони (скопскиот, југоисточниот регион, полошкиот, охридско - преспанскиот, осоговско- малешевскиот) утре ќе бидат зафатени со топлотен бран од портокалова фаза, додека пелагонискиот регион ќе биде во жолта фаза, соопшти Министерството за здравство согласно добиените информации од метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи.
Од Министерството наведуваат дека треба да се почитуваат претходно дадените мерки со цел намалување на ризиците од високите температури. Населението во целиот летен период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето од евентуални штетни ефекти кои може да настанат како резултат на високите температури.
XS
SM
MD
LG