Достапни линкови

logo-print

Над 200.000 сиријски бегалци во соседните земји


Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци соопшти денеска дека моментално има над 200.000 бегалци од Сирија во соседните земји. Само во изминатата недела од Сирија побегнале над 30.000 луѓе, а најголемиот дел од нив во Турција, каде што веќе има околу 80 илјади сиријски бегалци. Според проценките на Обединетите Нации, над милион сиријци се внатрешно расселени, а на околу 2,5 милиони име е потребна хуманитарна помош.
XS
SM
MD
LG