Достапни линкови

logo-print

Престрелка во Њујорк, двајца загинати


Полицијата во Њујорк соопшти дека две лица биле убиени, а 8 ранети во престрелка во близина на Емпајр Стејт Билдинг, една од најголемите туристички атракции во Њујорк. Според првичните информации, едно вооружено лице отворило оган врз минувачите, а полицијата го застрелала. Полициски извори соопштија дека престрелката не е поврзана со тероризам.
XS
SM
MD
LG