Достапни линкови

logo-print

Средба Стефков - Аврамопулос во Атина


Амбасадорот на Република Македонија во Грција Сашо Стефков денеска се сретнал со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, јави дописникот на МИА од Атина.
Средбата се одржала по барање на амбасадорот Стефков и претставува прв формален состанок на ова ниво од назначувањето на Аврамопулос на функцијата.
На средбата било разговарано за билатералните односи меѓу Македонија и Грција, за потребата од интензивирање на соработката и неопходноста за решавање на прашањето за името под покровителство на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG